Починато машко лице пронајдено во Клиничкиот центар во Тетово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Клиничкиот центар во Тетово синоќа околу 23:40 часот е пронајдено починато машко лице.
Полицијата денеска соопшти дека телото е пронајдено од страна на вработен во централата на Клиничкиот центар.
При извршниот преглед над телото на починатиот, од надворешна страна била забележана крв во пределот на носот.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија