Почна акција за дислокација на дивите пазарџии кај Зелен пазар | Правдико

Правдико

   

Почна акција за дислокација на дивите пазарџии кај Зелен пазар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежните служби на ЈП „Паркинзи на општина Центар“, во координација со СВР Скопје и инспекторите на Општина Центар почнаа акција за расчистување и дислокација на дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу Зелен пазар.

Од ЈП ПОЦ велат дека акцијата се спроведува по барање на жителите од околните објекти. „Оваа акција е со цел да се расчисти метежот на паркиралиштето и да се заштити загрозената безбедност на движење, како и да се спречи опасноста по здравјето на жителите, купувачите и продавачите заради продажбата на производи во нехигиенски услови“, велат од ЈП ПОЦ.

Од таму велат дека, за да се зголеми безбедноста на граѓаните, која е загрозена од страна на дивите тезгаџии кои преноќуваат во влезовите од околните згради, и хигиената, која е нарушена од отпадот и сметот што го оставаат по затворањето на пазарите, оваа акција ќе се спроведува редовно и ќе се санкционираат и дислоцираат дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу Зелен пазар.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико