Почна интерната истрага за аферата „Прислушување“ во „Македонски телеком“ | Правдико

Правдико

   

Почна интерната истрага за аферата „Прислушување“ во „Македонски телеком“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Внатрешната истрага во „Македонски телеком“, која нејзината фирма-мајка „Маѓар телеком“ ја најави пред неколку месеци, во врска со наводите за вмешаност на комуникацискиот оператор во аферата „Прислушување“, е почната и се спроведува со поддршка на надворешни експерти, велат за „Мета“ од „Маѓар телеком“.

IMAG0239

Во дописот, како одговор на прашањето дали е спроведена истрагата, од унгарската фирма, која е мнозински акционер во „Македонски телеком“, сепак не прецизираат кога надворешените експерти почнале со работа, до кога ќе трае истрагата и дали наодите од извештајот ќе ѝ бидат презентирани на јавноста.

– „Маѓар телеком“ ја почна внатрешната истрага со поддршка од надворешни експерти. Во согласност со нашата политика на усогласување, не сме во позиција да даваме повеќе коментари во врска со истрагата – стои во дописот од директоратот за корпоративни комуникации на „Маѓар телеком“.

Дека унгарскиот комуникациски оператор ќе спроведува истрага во македонската фирма-ќерка, беше најавено кон средината на март, откако опозицијата почна со објавувањето на прислушуваните материјали, односно т.н. „бомби“.

Првичната информација дека се планира истрага беше соопштена од „Дојче телеком“, фирма која е мнозински сопственик во унгарскиот оператор.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико