Почна Охридскиот дијалог, кој ќе се одржува до 26 октомври во Охрид | Правдико

Правдико

   

Почна Охридскиот дијалог, кој ќе се одржува до 26 октомври во Охрид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со утринска сесија почна Охридскиот дијалог, кој претставува стратешки дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот, соопштија од Владата.

Како дел од охридската група се и поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, голем дел на поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да ѝ помагаат на Северна Македонија во остварување на своите евро-атлански интеграции.

„На утринскиот панел беше разговарано за следните чекори што ја очекуваат Северна Македонија. Само две години по ослободувањето на државата од претходниот хибриден режим, ги решивме проблемите со соседите, имаме подобрување на регионалната соработка и сите економски индикатори покажуваат зголемување на трговската размена и на странските директни инвестиции. За само две години од изолирана држава, Северна Македонија стана релевантен партнер и пример во регионот“, се вели во соопштението.

На утринската сесија, велат од Владата, учесниците се согласија дека се тука за да помогнат, да се постигне уште поголем прогрес во евро-атланските интеграции на државата.

„Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството. Денес Северна Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ-стандардите“, се согласиле учесниците, соопшти Владата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико