Почна предвременото гласање за референдумот во Турција | Правдико

Правдико

   

Почна предвременото гласање за референдумот во Турција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На граничните премини, аеродроми и пристаништа во Турција денеска почна гласањето во рамките на референдумот за уставните промени во земјата, јави ТАСС. Според податоците на Централната изборна комисија, гласачки кутии се поставени на 18 аеродроми, шест гранични премини и на седум пристаништа.

Турските државјани кои живеат во европските земји, исто така може денеска да се изјаснат на референдумот со кој се бараат поголеми овластувања за претседателот на државата. За нив, на територијата на ЕУ, отворени се околу 30 избирачки места во различни градови на Германија, Франција, Австрија, Белгија, Швајцарија и Данска. Гласачките кутии се наоѓаат главно во објектите на дипломатските претставништва на Турција.

Турските државјани, кои патуваат надвор од земјата, како и оние кои живеат во земји од Европа, можат да гласаат на референдумот до 9 април. Потоа гласачките ливчиња ќе бидат обработени и испратени во Централната изборна комисија. Референдумското изјаснување во Турција ќе се одржи на 16 април. Во Европа, според различни проценки, живеат околу пет милиони Турци со двојно државјанство, забележува ТАСС.

Предложените уставни измени, кои се предмет на референдумското изјаснување, предвидуваат преминување кон претседателски систем на управување. Претседателот Реџеп Таип Ердоган и приврзаниците на уставната реформа оценуваат дека таа ќе доведе до силно лидерство, потребно за да се спречи враќањето на власт на нестабилните коалициски влади од минатото. Критичарите на уставните измени велат дека тие ќе го зголемат авторитаризма во земјата.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико