Почна распитот на приведените за упадот во Собранието на 27 април | Правдико

Правдико

   

Почна распитот на приведените за упадот во Собранието на 27 април

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во кривичниот суд почна распитот на приведените во денешната полициска ација за упадот во Собранието што се случи на 27 април, дознава „Макфакс“.

Пред судија на претходна постапка во овие мигови исказ дава една обвинета. Од почетoкот на распитот, судијата мора во рок од 6 часа да одлучи дали ќе определи притвор.

Утрово беа приведени поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и други лица. Неофицијално уапсени се и актерот Владо Јовановски, пратеничката Жаклина Пешевска, Горан Ангелов – Ќосето од Велес и други. Од МВР засега нема официјални информации за приведувањата.

Обвинителството соопшти дека предистражната постапка за упадот во Собранието е завршена. Од таму велат дека по разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, обвинителството донело наредба за спроведување истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, за кое е предвидена минимална казна затвор од најмалку 10 години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико