Почна сослушувањето на близок соработник на папата, обвинет за педофилија | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Почна сослушувањето на близок соработник на папата, обвинет за педофилија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еден од најстарите католици во Австралија и претставник од трет ранг во Ватикан, австралискиот кардинал Џорџ Пел, денес ја обвини полицијата за запоставување на сведочења во негова корист, на првиот ден од прелиминарното рочиште на кое треба да се одлучи дали може да му за суди за стари сексуални злоупотреби. Кардиналот Пел (76), еден од најблиските советници на папата Франциско и префект на Секретаријатот за економски прашања на Светата столица, категорично ги одбива ваквите обвинувања. Тој зел и отсуство за да може да се брани. Наводните настани се случиле многу одамна. Нивната вистинска природа не е откриена, познато е само дека станува збор за „бројни обвинувања“.

Кардиналот по скалите на судот во Мелбурн се качувал придружуван од десетици полицајци бидејќи пред судот го пречекале неколку демонстранти. Сепак, меѓу присутните имало и негови поддржувачи.

За време на сослушувањето, кое би требало да трае околу четири недели, се очекува да бидат сослушани 50 сведоци. Судот потоа ќе одлучи дали досието е доволно издржано за да поведе процес против кардиналот. Кардиналот Пел за сексуална злоупотреба беше обвинет во јуни 2017 година. Инаку, денешното рочиште беше отворено за медиумите околу половина час и потоа беше прекинато. Расправата продолжи зад затворени врати.

Адвокатот на кардиналот Пел, Роберт Рихтер, кажа дека одбраната обезбедила бројни сведоштва во полза на кардиналот кои полицијата требало да ги испита. „Полицијата сепак не го стори тоа“, обвини Рихтер.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико