Почна судењето на 29 турски полицајци за вмешаност во обидот за пуч
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска во Истанбул почна судењето на 29 турски полицајци, обвинети за вмешаност во организирањето на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули годинава. Како што јавуваат светските агенции, станува збор за прво големо судење против лица обвинети за вмешаност во обидот за пуч во Турција.
На 29 обвинети полицајци, од кои 24 се уапсени, ќе им се суди во големата судница на затворксиот комплекс „Силври“, кој е под засилено обезбедување.
Тие се товарат дека ги одбиле наредбите да го заштитат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ноќта кога се случи обидот за воен удар.
Агенциите пренесуваат дека се очекува сослушувањето на обвинетите да трае четири дена. Судењето почнува со читање на имињата на обвинетите и на обвинителниот акт, по што одбраната треба да ги изнесе своите аргументи.
Доколку бидат прогласени за виновни, 21 од обвинетите полицајци се соочуваат со три доживотни казни затвор, а за другите осум обвинителството бара казни од 7 до 15 години затвор.
Извор: Мета