Правдико

   

Почна судењето за „Тендери“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“.

Второ и третообвинетите во предметот на СЈО  „Тендери“ се членови на Комисијата за јавни набавки.

Обвинителот на СЈО, Стевчо Донев рече дека во постапката за јавни набавки треба да има транспарентност и оти дел од вработените во Министерството за култура не работеле по правилникот. Тие, како што додаде, ја злоупотребиле службената положба, фаворизирајќи фирма за изградба на Музејот на ВМРО.

Канческа Милевска, според обвинителот, му наложила на директорот на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип да ги изведат сите градежни работи и да не се чека нов тендер.

Адвокатот Сашо Дуковски во воведниот говор рече дека не постои вина кај обвинетите и, како што додаде, од обвинението не увидел дека има некаква штета.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико