Почна судскиот процес против тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и на бебе | Правдико

Правдико

   

Почна судскиот процес против тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и на бебе

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Основниот суд во Велес почна судењето на лекарскиот тим од гевгелиската болница обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното новороденче, лани во октомври, информира „Дума“.

sud-vo-veles

На обвинителната клупа седнаа тројца лекари, двајца гинеколози и еден анестезиолог, обвинети за лекарска грешка поради која настапила смртта кај Кадиева.

Судечкиот совет ја ислуша одбраната на тројцата обвинети лекари, додека бранителите поднесоа дополнителни докази. Сите тројца обвинети лекари пред судечкиот судија Габриела Гајдова рекоа дека го разбрале обвинението, но и дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, родилката Кадиева на 21 октомври 2015 година била однесена без родилни болки во гевгелиската болница, по што била земена на операција за породување – царски рез. Потоа била погрешно интубирана и се задушила што било причина и за смртта на бебето.

Во истрага, кај двајцата анестезиолози кои вечерта на 21 октомври 2015 година биле во операционата сала, беше констатирано присуство на алкохол во крвта. Ним Лекарската комора привремено им ги одзеде лиценците за работа а гевгелиската болница ги отпушти од работа. Во меѓувреме еден од анестезиолозите почина.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико