Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител | Правдико

Правдико

   

Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Откако Собранието го разреши Марко Зврлевски, досегашниот државен јавен обвинител, на денешната седница Владата се очекува да достави предлог-заклучок до Собранието, по што трба да биде објавен оглас за нов јавен обвинител во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника. Рокот за пријавување е 15 дена.

Советот на јавни обвинители потоа на барање на Владата во рок од 15 дена доставува образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите.

Ако Советот не даде мислење во рок од 15 дена, следуваат дополнителни 15 дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Досега својата кандидатура јавно ја потврдија адвокатите Александар Тортевски, Звонко Давидовиќ, Александар Накови Сејфула Османи, адвокат од Тетово и нотарката Лорија Ваневска.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико