Почнува работата на обвинителството на ЕУ | Правдико

Правдико

   

Почнува работата на обвинителството на ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европското јавно обвинителство од денеска ги презема своите истражни и обвинителски задачи. Европското јавно обвинителство е независно и децентрализирано обвинителство на Европската унија, со надлежност да истражува, гони и да ги осудува кривичните дела против буџетот на ЕУ, како што се измама, корупција или сериозни прекугранични измами со ДДВ. Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс оцени дека со почетокот на работата на обвинителството ќе се отвори нова фаза во историјата на европската интеграција, потенцирајќи дека основната мисија на новото европско тело е да ги заштити фондовите на ЕУ од криминалци во интерес на граѓаните.

Канцеларијата ќе спроведува истраги и кривични постапки целосно независно од Европската комисија, другите институции и тела на ЕУ, како и членовите. Регулативата за основање на Европско јавно обвинителство беше усвоена на 12 октомври 2017 година и стапи во сила на 20 ноември 2017 година. Во оваа фаза, учествуваат 22 земји на ЕУ. Данска, Ирска, Унгарија, Полска и Шведска не учествуваат во обвинителството. Во моментов, само националните власти можат да испитаат и да ја гонат измамата против буџетот на ЕУ. Но, нивните овластувања застануваат на националните граници. Постоечките тела на ЕУ, како што се Европол и канцеларијата на ЕУ за борба против измамите немаат потребни овластувања за спроведување на кривични истраги и гонења. Тоа е првото наднационално јавно обвинителство и 22 членки на ЕУ во моментов учествуваат во неговата работа.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико