Правдико

   

Почнува судењето на директорката на ММФ, Кристин Лагард

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kristin-lagard-mmf-dominika-stros-kana-1328585176-85292Денеска во Париз почнува судењето на генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, која е обвинета за небрежност во случај на арбитража, додека беше министерка за финансии на Франција, јавуваат светските агенции.

Лаград, која е под истрага од 2014 година, најавила дека за време на судењето, кое треба да трае до 20 декември, ќе земе отсуство од ММФ.

На директорката на ММФ ѝ се суди поради последиците од спорот што во 2008 година го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие против банката „Кредит Лион“, во врска со продажбата на компанијата „Адидас“, чиј сопственик беше Тапие од 1989 година.

Тапие во 2007 година продажбата на компанијата ѝ ја довери на банката, но потоа ја тужеше банката бидејќи, како што тврдеше, го оштетила во продажбата.

Кристин Лагард, која во тоа време беше министерка за финансии на Франција, одобри судскиот спор да се реши со арбитража, по што државата на Тапие во 2008 година му исплати отштета од 400 милиони евра.

На Лагард ѝ се става на товар тоа што случајот на Тапие го доверила на арбитражниот панел, потоа не ја утврдила независноста на еден од арбитрите и што не се жалела на одлуката на арбитражата, која пресуди во корист на Тапие.

Доколку Лагард биде осудена, ѝ се заканува затвор од една година и парична казна од околу 15.000 евра.

Извор:Meta.mk

Партнери на Правдико