Почнува судењето на обвинетите за тероризам во Црна Гора | Правдико

Правдико

   

Почнува судењето на обвинетите за тероризам во Црна Гора

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Подгорица денеска почнува судењето на обвинетите за обидот за тероризам на денот на парламентарните избори во Црна Гора, на 16 октомври минатата година, а Врховниот суд овозможи директен телевизиски пренос од оваа постапка, јави Танјуг.

Кабинетот на претседателката на Врховниот суд Весна Меденица соопшти дека ќе се обезбеди јавност на постапката против обвинетите.

Ваквата одлука претседателката на Врховниот суд на Црна Гора ја донела ценејќи ја неопходноста главните претреси во овој предмет да бидат следени со аудио-визуелно снимање во текот на целата постапка, а имајќи предвид дека кривично-правниот случај се однесува на настан за кој се води постапка против повеќе лица, со цел заштита на најважните општествени вредности, и тоа уставното уредување и безбедноста на Црна Гора и добрата, заштитени со меѓународното право, кои го предизвикаа највисокиот степен на интерес на јавноста.

Одлуката е донесена со почитување на принципот на правото на правично судење и гаранција за јавност на судските постапки.

Судењето ќе трае и на 20 и на 21 јули.

За обид за тероризам се обвинети лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

Освен нив, на обвинителниот акт на Специјалното државно обвинителство се и руските државјани Едвард Шишмаков, Владимир Попов, возачот на Мандиќ, Михаило Чаѓеновиќ и девет српски државјани, меѓу кои е и поранешниот шеф на српската Жандармерија, Братислав Дикиќ.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико