Почнa судењето за Латас за затајување данок | Правдико

Правдико

   

Почнa судењето за Латас за затајување данок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во кривичниот суд денеска почнa судењето за случајот „Тотал“, во кој е обвинет новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ Латас, заедно со три фирми: Тотал Маркетинг Доел, Тотал Медиа Центар и Медиамакс, во кои тој се јавува како сопственик или управител.

Според обвинението Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите за данок не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико