Почнува судскиот процес против турските офицери кои избегаа во Грција | Правдико

Правдико

   

Почнува судскиот процес против турските офицери кои избегаа во Грција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во грчкиот град Александруполис денеска почнува судењето на осуммината турски офицери кои со хеликоптер избегаа од Турција за време на обидот за државен удар и побараа политички азил во Грција.

afp_20160717_102623636

Тие се обвинети за илегално влегување во земјата. Против седум е подигнато и обвинение за морално поттикнување на нелегален лет, а пилотот на хеликоптерот, кој го слета леталото на аеродромот во Александруполис, е обвинет за извршување на незаконски лет.

Од безбедносни причини осуммината турски офицери вчера биле преместени во друг полициски притвор, а денеска тие се во судот.

Турските офицери, меѓу кои има мајори, капетани и наредници, стравуваат за своите животи во нивната земја, велат нивните адвокати, особено по најавите на турски владини претставници дека смртната казна може да се врати за оние кои се прогласени за виновни за велепредавство.

Турскиот амбасадор во Атина, Керим Урас, повика да се екстрадираат турските офицери, истакнувајќи дека доколку тие не бидат вратени, тоа ќе им наштети на билатералните односи меѓу Атина и Анкара.

– Враќањето на офицерите во Турција ќе биде позитивно за билатералните односи. Ако не, тоа нема никому да помогне, изјави тој, додавајќи дека „уште на самиот почеток било грешка што овие луѓе биле прифатени“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас избегнуваше јавни изјави за ова прашање.

По разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, веднаш по обидот за државен удар, Ципрас рече дека грчките власти ќе ги испитаат барањата за азил од осуммината турски офицери, но со целосно почитување на меѓународните закони и договорите за човекови права.

Грчката Влада покажа неутрален став во однос на судството, во пресрет на денешното судење на турските офицери и во однос на грчката служба за азил која ќе ги разгледа нивните барања.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико