Правдико

   

Почнува тестирање на дебарчани за имунитет на вирусот Ковид – 19

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет до триесет отсто од жителите на Дебар ќе бидат тестирани за да се открие дали стекнале имунитет на коронавирусот, извести денес министерот за здравство Венко Филипче. За ваков скрининг на населението епидемилозите се одлучиле поради тоа што Дебар повеќе нема новозаболени од коронавирусот.

„Со оглед на тоа што во Министерството добивме донација од 20.000 тестови за дијагностика на антитела и со оглед на тоа што ситуацијата во Дебар е таква да веќе во тој регион немаме новодијагностицирани пациенти, сите пациенти закрепнуваат, ги чекаме и вторите тестови за да се види дали се негативизирани, ќе направиме еден скрининг во бројка од дваесет до триесет отсто од вкупното население во регионите во кои досега имаше мерки за рестрикција на движење воведени уште пред вонредната состојба. Со ова сакаме да се процени имунитетот што ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава“, рече министерот Филипче.

Вакви тестирања на населението министерот најави дека ќе се прават и во други делови од земјата согласно времето на епидемијата и согласно движењето на епидемиолошката крива.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико