Почнуваат консултации за претседател на Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Партиите кои го сочинуваат парламентарно мнозинство од денеска треба да ги почнат консултации за избор на претседател на Собранието, а по нивното завршување ќе иницираат свикување на седница на Парламентот.
Конститутивната седница на Парламентот со која во декември претседаваше Трајко Вељаноски беше прекината, бидејќи немаше предлог од десет пратеници за формирање комисија за прашања на избори и именувања што ќе предложи нов претседател на Собранието, со оглед дека тогаш не постоеше обезбедено мнозинство кое би го поддржало тој предлог.
Владината програма е гаранција за унитарноста на земјава, му порачаа социјалдемократите на претседателот Иванов и го прозваа што поскоро да го додели мандатот. Од ВМРО – ДПМНЕ повторно го повикаа Заев да се откаже од т.н. Тиранска платформа.
Извор: 24Вести