Почнуваат обраќањата за нов генерален секретар на ОН
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Обединетите нации денеска почнуваат сослушувањата на кандидатите за генерален секретар на Светската организација, кои по првпат во историјата ќе бидат јавни.
Прв на ред ќе биде поранешниот црногорски премиер Игор Лукшиќ, а по него – поранешната бугарска министерка за надворешни работи Ирина Бокова и некогашниот португалски премиер Антонио Гутереш.
Се очекува утре да се претстават кандидатите Весна Пусиќ и словенечкиот кандидат Данило Тирк.
Неформалниот дијалог е нова практика на Генералното собрание на ОН, со цел унапредување на транспарентноста на процесот на избор на иден генерален секретар.
Извор: Нова Македонија