Почнуваат преговорите за третата помош за Грција | Правдико

Правдико

   

Почнуваат преговорите за третата помош за Грција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во Атина ќе пристигнат првите претставници на европските институции и Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) со кои ќе почнат преговорите за деталите за третата финансиска помош за Грција.

24072015100631_грција

Од грчка страна, техничките преговори ќе ги предводи претседателот на Советот на екононски советници (СОЕ) Јоргос Хулиаракис, соопштија извори од грчкото Министерство за финансии.

Истите извори ја отфрлија можноста за дополнителни реформи, и покрај барањата на кредиторите.

Грчката Влада се надева дека преговорите за тригодишниот меморандум за разбирање и новиот договор за заем ќе завршат до 20 август. Исто така, врз основа на договорот постигнат на европскиот самит, целта е во 2018 година да се постигне примарен суфицит од 3,5 отсто од БДП. Во врска со отворањето на Атинската берза, претставници на Министерството за финансии, изјавијз дека одлука ќе биде донесена од следната недела.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико