Под истрага тетовец кој со нож се обидел да убие човек пред својата куќа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тетовското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело обид за убиство.
Осомничениот на 13 јуни, пред сопствениот дом, се обидел да лиши од живот лице кое заедно со уште еден придружник пристигнале пред неговиот дом и започнале расправија со него.
Тој најпрво се наоѓал на балконот од куќата, а потоа излегол надвор и наеднаш му задал удар со нож на оштетениот во пределот на вратот, нанесувајќи му тешка повреда со конкретна опасност по животот.
Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била констатирана повреда на повеќе крвни садови и на еден нерв во вратот.
Од страна на Основниот суд во Тетово на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Извор: Макфакс