Под закана со нож ги затвориле вработените во тоалет и ја ограбиле бензинската | Правдико

Правдико

   

Под закана со нож ги затвориле вработените во тоалет и ја ограбиле бензинската

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца непознати разбојници под закана со нож ограбиле бензинска во Прилеп.

knife_nozh_razvedchika_5

Имено, околу 3 часот по полноќ во понеделник, во Прилеп, на бензинска пумпа во населба Варош две непознати маскирани лица извршиле разбојништво. Сторителите, со закана со нож, од двајца вработени побарале пари, по што ги затвориле во тоалетот. Потоа од работното биро го одзеле дневниот промет и побегнале од местото на настанот.

Полицијата од Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико