Под закана со пиштол извршени се десетина кражби во неделата во Македонија | Правдико

Правдико

   

Под закана со пиштол извршени се десетина кражби во неделата во Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Под закана со пиштол или нож, ограбени се три продавници, двајца таксисти, малолетник во Скопје и во Битола, соопшти полицијата.

Имено, во неделата во 20.30 часот во Скопје на ул. „Самоилова“ во колонијална продавница непознат сторител извршил разбојништво над вработената. Сторителот со закана со пиштол го одзел дневниот промет од 13.730 денари и побегнал во непознат правец.

Уште една продавничка била ограбена истиот ден, околу 20.55 часот во населба Горно Оризари – Битола, во колонијална продавница, непознато маскирано лице извршило разбојништво над вработените. Сторителот со закана со пиштол одзел 17.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Околу 22.25 часот во Битола на ул. „Партизанска“, во трафика, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработената. Сторителите со закана со пиштол и нож од вработената одзеле околу 15.000 денари, по што побегнале во непознат правец.

Ограбени биле и двајца таксисти. Во 21.10 часот на ул. „Ордан Чопела“ две непознати лица лица извршиле разбојништво над такси возач. Сторителите со закана со пиштол од такси возачот одзеле околу 5.000 денари, при што едниот од нив испукал и еден куршум надвор од возилото. Откако го извршиле делото сторителите го напуштиле местото на настанот.

Во другиот случај пак, Ч.А. пријавил дека во 22.45 часот на ул. „Менделеева“ две непознати лица извршиле разбојништво над него. Сторителите влегле во неговото такси возило„Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки и побарале да ги вози до наведената улица. Откако пристигнале, еден од нив со закана со пиштол му одзел 1.500 денари и два мобилни телефони, по што побегнале во непознат правец.

Во неделата А.Ј. пријавил дека околу 19.45 часотво населба Шуто Оризари, во дворот на ОУ„Браќа Рамиз и Хамид“ , три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над неговиот седумнаесетгодишен син. Сторителите со закана со нож му одзеле мобилен телефон по што побегнале од местото на настанот.

По полноќ во 01.21 часот во населба Топанско поле-Скопје, во објект на „АМСМ“, две непознати маскирани физички го нападнале Р.М., вработен во агенцијата за обезбедување, кој го обезбедувал објектот. Сторителите, потоа, со закана со пиштол му одзеле мобилен телефон и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сите случаи.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико