Правдико

   

Поделеност во СИРИЗА, се бара оставка од Ципрас

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ciprasКако резултат на промената на курсот после маратонските разговори со лидерите на еврозоната и прифаќањето на мерките за штедење , на грчкиот премиер Алексис Ципрас му се заканува побуна во своите редови, а постои и можност до крајот на оваа недела  да поднесе оставка, пишува германскиот весник “Билд”.

Грчкиот премиер сега се соочува со тешка битка за да ја добие поддршка на коалициските партнери за конечниот предлог на лидерите на еврозоната за спасување на Грција.

Министерот за енергетика, Панајотис Лафазанис, предводен од левичарската платформа во рамките на владејачката СИРИЗА, истакна дека договорот на Грција со лидерите на еврозоната е неприфатлив, додавајќи дека тој договор го гази големото НЕ на грчките граѓани кои се изјаснија на референдумот.

Од вкупно 149 пратеници на СИРИЗА, 30 радикални левичари од овој табор му го свртија грбот на Ципрас, бидејќи тој попушти на барањата на кредиторите.

Партнери на Правдико