Поднесен обвинителен акт за нанесување тешка телесна повреда | Правдико

Правдико

   

Поднесен обвинителен акт за нанесување тешка телесна повреда

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека на 16.12.2018 година, по претходна вербална расправија, со умисла тешко телесно  го повредил и го довел во опасност животот на едно оштетено лице. Имено, на критичниот ден, оштетениот побарал од обвинетиот да му ги врати парите кои сметал дека му ги украл додека просел од него и од неговите другари. На ова, обвинетиот му одговорил дека не му украл пари, од џебот извадил остар предмет и му нанел неколку повреди на телото изразени во вид на убодни рани и посекотини, по што со трчање го напуштил местото на настанот. Кај оштетениот била предизвикана шокова состојба од крварење, со што неговиот живот бил доведен во опасност.

Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор од судијата на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на притворот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико