Поднесен предлогот-законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април | Правдико

Правдико

   

Поднесен предлогот-законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението Единствена Македонија денеска во Собранието и до пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го достави Предлог – закон за амнестија за настаните од 27 април, минатата година.

Според Драган Угриноски, членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија и претседател на МЗП Тврдокорни, со законот се бара „целосно ослободување од кривичен прогон и запирање на постапките поради несправедливоста и апсурдноста да се гонат уставобранителите кои влегоа во Собранието на 27 април со силна верба во одбрана на уставниот поредок“.

„Денеска во Собранието го доставуваме предлог-законот за амнестија и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме тие да започнат законодавната постапка бидејќи Деловникот тоа го дозволува на секој пратеник. Очекуваме од пратениците и нивните лидери да покажат државнички капацитет и силно лидерство со кое ќе го израдуваат народот и ќе дојде до надминување на поделеноста меѓу граѓаните и партиите“, рече Угриноски.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико