Поднесена кривична пријава против директорката на работничкиот универзитет во Прилеп | Правдико

Правдико

   

Поднесена кривична пријава против директорката на работничкиот универзитет во Прилеп

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvr-618x3601СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Т.(54) од Прилеп, вработена како директор на работнички универзитет Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената со намера за себе и за работничкиот универзитет да стекне противправна имотна корист со искористување на својата службена положба во периодот од 2010 до 2014 година и покрај фактот што знаела дека не ги исполнува условите, без одобренија издадени од надлежни Министерства и без верифицирани програми, организирала и договарала со заинтересирани лица курсеви од различни области.

Истата издавала дипломи за успешно посетени курсеви, без притоа да спроведе настава и правилна оцена на стекнатите познавања. Ваквите курсеви од вкупно 1.659 кандидати, а паричните средства пријавената во голем дел од случаите ги примала на рака. Вкупниот износ на парични средства кои биле уплатени по основ на курсеви, изнесува 5.376.200 денари, од кои пријавената за себе присвоила парични средства во вкупен износ од 69.300 денари.

Извор: МВР

Партнери на Правдико