Поднесена кривична пријава против скопјанецот кој силуваше дете
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата поднесе кривична пријава против скопјанецот кој минатиот месец силуваше шестгодишно дете со кое бил во роднинска врска.
Против Б.М. (25) е поднесена пријава за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
Според информациите на МВР, на 27 јули, во село Скопско Поле, на место викано Кучманово, пријавениот, кој живее во ист двор со семејството на детето и се роднини, забележал деца како играат, меѓу кои била и жртвата. Тој го замолил девојчето да му наполни вода, а по кратко време откако тоа влегло во куќата на пријавениот, тој извршил полови дејствија над него.
Извор: Макфакс