Поднесена кривична пријава за негувателка за запуштање и малтретирање дете | Правдико

Правдико

   

Поднесена кривична пријава за негувателка за запуштање и малтретирање дете

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dadilkaСВР Скопје – Одделение за малолетничка деликвенција и семејно насилство до Основно Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Т.С.(61) поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од КЗ на РМ.

Пријавената во периодот од мај 2015 до 01.09.2015 година во Скопје, додека била ангажирана како негователка задолжена за грижа за животот, здравјето и негувањето на 9-месечно дете го малтретирала и грубо се однесувала од што истото пројавило проблеми со врискање во ноќните часови, невеселост и нервоза.

Имено, на 20.08.2015 година, татко на 9 месечното дете ненајавено влегол во домот и ја забележал Т.С. како со рака по лицето го удира, но истиот не изреагирал, сметајќи дека можеби се работи за негов превид. Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи пријавената, при што на 02.09.2015 година ја извадил видео снимката и забележал како го малтретира и тепа детето, грубо се однесува кон него, со викање, навредување, штипење за рацете, грубо тресење во релаксаторот и во раце,  тегнење на ушите и други облици на грубо однесување.

Од страна на татакото поднесен е Записник за прием на пријава и од негова страна е доставена мемориска картичка на која е снимен видео материјал која со Потврда за привремено одземени предмети е одземена и дадена за Вештачење во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на РМ за што е изготвен извештај за компјутерска опрема.

На 09.09.2015 година извршен е разговор со Т.С. во кој истата го негирала извршувањето на кривичното дело.

Препорачуваме

Партнери на Правдико