Поднесени 215.656 годишни даночни пријави до УЈП | Правдико

Правдико

   

Поднесени 215.656 годишни даночни пријави до УЈП

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, покрај плата или пензија, имаат уште една недела да го пријават во Управата за јавни приходи. Според УЈП, досега се поднесени вкупно 215.656 годишни даночни пријави, од очекуваните 216.695.

Најмногу пријави се поднесени во Скопје 79.378, Штип 41.859, Прилеп 32.154, Битола 27.558, Струмица 21.101 и Тетово 13.606. Електронски се поднесени вкупно 1039.

Пријавите може да се поднесат секој работен ден од 8.30 до 18 часот и сабота од 8.30 до 14 часот, во регионалните дирекции, Дирекцијата за големи даночни обврзници и даночните одделенија. Од 8.30 до 16.30 часот може да се поднесе и на даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико