Поднесени 46 приговори до ДИК, најмногу од ВМРО-ДПМНЕ | Правдико

Правдико

   

Поднесени 46 приговори до ДИК, најмногу од ВМРО-ДПМНЕ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во предвидениот рок до Државната изборна комисија се поднесени вкупно 46 приговори за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.

Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ 43, и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико