Правдико

   

Поднесени измени за Законот за учебници за основно и средно образование

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование се врши доуредување и допрецизирање на процедурите и постапките за набавка и обезбедување на учебници за учениците во основните и средните училишта во Република Македонија.

Целта на предложените законски решенија е да се доуредат и допрецизираат процедурите и постапките за набавка и обезбедување на учебници за учениците во основните и средните училишта во Република Македонија, а со крајна цел да се обезбедат квалитетни учебници за учениците.

Измените и дополнувањата на Законот, чие донесување се предлага се засноваат на истите начела на кои се заснова Законот за учебници за основно и средно образование. Со членот 1 во членот 6 од законот се додава нов став 2 со кој уредува дека на издавачот му се дава право да го пушти во слободна продажба одобрениот
учебник, по цена по која Министерството го откупува истиот. Со членот 2 се менува членот 10 и се доуредуваат условите кој може да биде автор на учебник.

Со членот 3 се менува членот 13 и со истиот се допрецизира постапката кога Педагошката служба објавува јавен повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик. Јавниот повик трае најмалку десет дена, а најмногу три месеци, а за употреба на учебник по странски јазик одобрение може да побара домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Македонија. Одобрение за употреба на учебник по странски јазик дава Педагошката служба. Министерството може да откупи потребен број на одобрени учебници по странски јазици, заради обезбедување на бесплатни учебници во основното и средното образование.

Со членот 4 по членот 13-в се додава нов член 13-г со кој се регулира постапката во случаите кога Педагошка служба објавува јавен конкурс за издавање на учебник на кој можат да конкурираат издавачки куќи со адаптиран учебник од странство или да конкурираат со подготвен учебник автор, односно автори од Република Македонија. Конкурсот трае најмалку еден, а најмногу до шест месеци.

Заради подобрување и осовременување на одобрените учебници со членот 5 за употреба по членот 14 се додава нов член 14-а, кој со кој се уредува постапката ако во одобрените учебници се потребни одредени исправки или дополнувања од стручен, методолошки или технички аспект, или превод, а истите
не претставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот, Педагошката служба може да ги повика издавачите, односно авторите да предложат исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот во рок од 30 дена од денот на добивање на повикот. Се дава законска можност ако во одобрените учебници се
потребни одредени исправки или дополнувања од стручен, методолошки или технички аспект, како и од аспект на превод и адаптирање, а истите не претставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот, авторите или издавачот да можат да предложат исправки и/илиили дополнувања до Педагошката служба, без претходно барање од страна на Педагошката служба.

Директорот на Педагошката служба формира комисија за давање на мислење по доставените предлози за исправки и/или дополнувања, а комисијата мислењето го доставува најдоцна во рок од 15 дена, од денот на нејзиното формирање, до директорот на Педагошката служба. Врз основа на позитивното мислење на
комисијата, министерот носи решение со кое потврдува дека продолжува да важи одлуката за употреба на учебникот. Врз основа на решението, издавачот е обврзан да го издаде учебникот со исправките или дополнувањата или да испечати додаток на учебникот во кој се содржани исправките односно
дополнувањата. Ако издавачот, односно авторот не постапи, одобрението за употреба на учебникот се одзема.

Со членот 6 во членот 16 со кој се менува ставот (6) се уредува начинот на изборот, именувањето и разрешувањето на членовите на рецензентската комисија, начинот на работа на рецензентската комисија, како и висината на надоместокот на членовите на рецензентската комисија, врз основа на обемот и
сложеноста на работата по учебник, ги пропишува министерот. Со членот 7 во членот 23 ставот (1) и со истиот се уредува дека секој учебник може да биде во употреба пет учебни години, освен учебниците во кои
има содржини кои ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење, како и учебниците за прво, второ и трето одделение.“ По ставот 1 се додава нов став 2 согласно кој директорот на Педагошка служба составува список на учебницикои се употребуваат пет учебни години и список на учебници кои се заменуваат секоја учебна година.

Со членот 8 во членот 26 се додава нов став (5) со кој на членовите од комисијата им следи надомест чија висина со посебен акт ја пропишува министерот, а врз основа на обемот и сложеноста на работата по учебник.

Со членот 9 се утврдува рокот за донесување на подзаконските акти утврдени со овој закон. Членот 10 е преодна одредба согласно која учебниците кои се одобрени за употреба во основните и средните училишта пред денот на влегувањето во сила на овој закон, продолжуваат да се користат во основните и средните училишта.

Со членот 11 се регулира дека започнатите постапки пред до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат според одредбите на прописите по кои започнале. Со членот 12 се уредува влегувањето во сила на законот.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико