Поднесени кривични пријави од Царинска управа во април 2015 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Постапувајќи по констатираните неправилности, Царинската управа на Република Македонија во април 2015 годинадо надлежните јавни обвинителства поднесе11 кривични пријави против 4 правни и 13 физички лица.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ „Криумчарење“, „Фалсификување исправа“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
Две кривични пријави против двајца македонски државјани се поднесени заради обиди за нелегално внесување во државата на пиротехнички средства.
*Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанинкај когона скопскиот аеродром Александар Велики се пронајдени 88 петарди. Петардите биле пронајдени во патната торба на осомничениот.
*Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанинкојуправувајќи патничко возило со швајцарски регистарски ознаки, се обидел преку граничниот премин Табановце нелегално да внесе во државата 28 парчиња распрскувачки ракети UNIVERS. Распрснувачките ракети биле пронајдени на задното седиште од автомобилот, покриени со ќебе.
Криумчарење
Три кривични пријави, против двајца грчки и еден македонски државјанин, се поднесени заради обиди за нелегално внесување во државата на разни производи со поголема вредност.
*Една кривична пријава е поднесена против грчки државјанин, кој управувајќи патничко возило со грчки регистарски ознаки се обидел преку граничниот премин Богородица, нелегално да внесе во државата 224 монети и медали, 13 уметнички слики и 2 стари книги, со проценета вредност од околу 340 илјади денари. Непријавените предмети биле пронајдени помеѓу личните работи на возачот, во патна торба, сместена на задното седиште на возилото. Осомничениот е предаден на судија за претходна постапка во Основниот Суд Гевгелија, кој по предлог спогодба донел пресуда со која осомничениот го огласил за виновен и го осудил со парична казна во износ од 92.250 денари, протерување на странец од земјата во траење од 2 години, додека непријавената стока и возилото се одземени во корист на Република Македонија.
*Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин, кој како патник во автобус со турски регистарски таблички, преку граничниот премин Богородица се обидел нелегално да изнесе од државата стар златен накит со вкупна маса од 385 грама и проценета вредност од околу 460 илјади денари. Непријавениот накит бил пронајден во два надворешни џебови од јакната на осомничениот.
*Една кривична пријава е поднесена против грчки државјанин, кој управувајќи патничко возило со германски регистарски ознаки, преку граничниот премин Блаце се обидел нелегално да внесе во државата 227 пури и поголема количина алат за столарија и градежништво, со проценета вредност од околу 340 илјади денари. Непријавените производи се пронајдени под задното седиште, под и зад седиштето на совозачот и во багажниот простор на возилото.
Осомничениот е предаден на судија за претходна постапка во Основниот Суд Скопје, кој по предлог спогодба, донел пресуда со која осомничениот го огласил за виновен и го осудил на условна осуда казна затвор во траење од 2 години (која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 години не стори ново кривично дело), протерување на странец од земјата во траење од 5 години, а непријавената стока е одземена во корист на Република Македонија.
„Фалсификување исправа“ и „Криумчарење“
Една кривична пријава е поднесена против едно правно лице од Тетово и три физички лица – сите македонски државјани, заради обид за нелегално внесување во државата на автобус марка МАН со проценета вредност од околу 824 илјади денари. Еден од осомничените, син на сопственикот на правното лице, заедно со возач-вработен во истото правно лице во март годинава се пријавиле на граничниот премин Ќафасан – влез во Република Македонија, со автобусот-предмет на кривичното дело што бил купен во Германија, а на кој осомничените претходно намонтирале македонски регистарски таблички што припаѓале на друго возило, сопственост на правното лице. На тој начин пријавените имале намера да прикажат дека автобусот е уредно регистриран во Република Македонија, со цел избегнување на плаќање на увозни давачки за истиот.
Фалсификување исправа
Две кривични пријави се поднесени против две правни и две физички лица – македонски државјани, одговорни лица во правните лица, заради обиди за приложување на фалсификувани документи при увоз на употребувани возила.
*Една кривична пријава е поднесена против едно правно лице од Тетово и неговото одговорно лице. Во 2012 година, со една царинскa декларациja во царинската испостава Скопје 2, осомничените увозно оцариниле едно употребувано патничко моторно возило, при што била приложена фактура на која била наведена изјава за потекло потпишана од странски продавач, како доказ за преференцијално потекло на возилото со цел да биде одобрено увозно царинење со царинска стапка слободно.
Поради сомневање во поглед на веродостојноста на приложената документација и автентичноста на изјавата во фактурата, Царинската управа на Република Македонија се обрати до царинска администрација на Италија, со барање за верификација на фактурата. Италијанската царинска служба испрати одговор и докази дека оригиналната фактура не содржи никаква изјава за потекло, а овластено лице на странската фирма потврдило дека изјавата за потекло од фактурата и името и датумот во фактурата не се издадени од нивна страна. Против ова правно лице и неговите одговорни лица Царинската управа и претходно има поднесено кривични пријави поради постоење на основано сомнение дека го сториле истото кривично дело (откриени 18 фалсификувани фактури за увоз на употребувани возила).
*Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Кавадарци и неговото одговорно лице, кои во 2012 година со една царинска декларација на царинската испостава Гевгелија, увозно оцариниле едно употребувано патничко моторно возило, при што приложиле фактура на која била наведена изјава за потекло потпишана од странскиот продавач, како доказ за преференцијално потекло на возилото со цел да биде одобрено увозно царинење со царинска стапка слободно.
Поради сомневање во поглед на веродостојноста на приложената документација и автентичноста на изјавата за потекло во фактурата, Царинската управа се обрати до царинската администрација на Сојузна Република Германија, со барање за верификација на фактурата и доказот за потекло во истата, од каде е добиен одговор дека изјавата за потекло во фактурата не е издадена од страна на извозникот на употребуваното возило. Во двата случаи, врз основа на добиените одговори, Царинската управа утврди дека возилата увезени од пријавените не ги исполнуваат условите за преференцијален тарифен третман и изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг и ги задолжи правните лица да ги доплатат избегнатите давачки.
Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма
Три кривични пријави, против две правни и три физички лица се поднесени заради обид за увоз на производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи.
*Кривична пријава е поднесена против правно лице од Кавадарци и неговото одговорно лице, македонски државјанин. За потребите на правното лице, во текот на 2014 година, во Република Македонија биле увезени разни стоки од продавач од Кина. При извршениот преглед на стоката од страна на царинските службеници во стоката биле откриени 600 детски ташни со ознака на заштитена трговска марка.
*Кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и неговото одговорно лице, македонски државјанин. Во 2014 година преку царинската испостава Кавадарци, осомничените пријавиле за увозно царинење разна стока со потекло од Кина. При извршениот преглед на стоката, царинските службеници откриле вкупно 4.800 стартери и 184 плински решоа со ознаки на заштитени трговски марки..
*Кривична пријава е поднесена против македонски државјанин кај кого при извршен претрес на возилото со кое управувал, извршена на автопатот кај наплатната патарина Петровец, биле пронајдени 254 пара фармерки и 121 блуза со ознаки на заштитени трговски марки, што осомничениот имал намера да ги продава на пазар.
Во сите три случаи, по увидот на стоката, застапниците на трговските марки ја известија Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителите на правото на интелектуална сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите го повредуваат нивното право од интелектуална сопственост, и согласно законските одредби, Царинската управа донесе одобрение за уништување на истата.