Поднесени кривични пријави од Царинска управа во јануари 2017 година | Правдико

Правдико

   

Поднесени кривични пријави од Царинска управа во јануари 2017 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јануари 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе11 кривични пријави против 12физички лица и 5 правни лица.


Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „Фалсификување исправа“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

– До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против С.Ј. македонски државјанин на кој на ден 20.10.2016 година на ЦИ Аеродром – отсек за стоково царинење подигнал ДХЛ пратка со 3 пакувања со по една семка наменети за производство на марихуана од производителот „Royal Queen Seeds“. Пријавениот семките ги нарачал преку интернет од страната на производителот и истите ги платил со својата кредитна картичка.
На ваков начин пријавениот неовластено набавил материјал за кој знаел дека е наменет за производство на опојна дрога – марихуана.

– До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријава против С.Г.Д. државјанин на Република Романија, кој со патничко возило со романски регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При извршен детален преглед на возилото во климатизацијата на истото била пронајдена една најлонска кеса облепена со самолеплива бела креп трака во вид на топка, наполнета со непозната материја со растително потекло со зелена боја и карактеристична миризба.

По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое растителната материја преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 63.2 грама.

Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот Суд во Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против Б.К. државјанин на Хрватска кој на ден 05.01.2017 година со патничко возило со хрватски регистарски ознаки се пријавил на влез во Република Македонија на граничниот премин Блаце. При извршен детален преглед на возилото во фабричка шуплина од возилото која се наоѓа во просторот помеѓу задната клупа и товарниот простор биле пронајдени вкупно 38 пакувања со различна форма и големина наполнети со непозната материја со растително потекло, залепени со проѕирна леплива трака размачкана со кафеава боја.
По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое растителната материја преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 66.490 грама.

Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот Суд во Скопје кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријава против С.А.Б.К. државјанин на Кралството Норвешка кој на ден 14.01.2017 година со патничко комбе со англиски регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При извршен детален преглед на возилото во кожна кафеава торбичка сместена во платнен несесер кој со закачалка бил прикачен на задната врата од возилото, биле пронајдени 5 перфорирани споени ливчиња со слика на смајли.
По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое ливчињата содржат диетиламид на лизергинска киселина (LSD) – психоактивна супстанца со халуциногено дејство.

Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот Суд во Куманово кој со пресуда врз основа на предлог – спогодба го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, како и мерка протерување на странец од земјата во траење од 10 години.

– До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријава против Ш.П. државјанин на Албанија кој со патничко возило со албански регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При извршен детален преглед на возилото во багажниот простор од истото била пронајдена една метална плинска боца од чија внатрешност биле извадени 15 вакумирани пакетчиња облепени со проѕирна селотејп трака наполнети со непозната материја со растително потекло со зелена боја.

По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое растителната материја преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 14.945 грама.
Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

– До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесе кривична пријава против Е.И. македонски државјанин кој на ден 30.12.2016 година на граничниот премин Блаце со патничко возило со македонски регистарски ознаки се пријавил за влез во Република Македонија. При извршен преглед на возилото на подот во внатрешноста од возилото од страна на царинските службеници биле пронајдени 2 кутии со по 100 огномети марка „Midnight Nightmare“. На ваков начин осомничениот неовластено набавил и држел поголемо количество распрскувачки материи наменети за дозволени забави, свечени и други активности за кои е потребна посебна дозвола за увоз (Д-7) која ја издава Министерството за внатрешни работи.

Фалсификување исправа

– До Основното јавно обвинителство во Гевгелија е поднесена кривична пријава против едно правно лице со седиште во Кавадарци и две физички лица македонски државјани – Р.П. како одговорно лице во правното лице и Р.С вработен како возач.

На ден 30.11.2016 година пријавениот Р.С. со товарно возило со македонски регистарски ознаки, сопственост на пријавеното правно лице се пријавил на излез од Република Македонија на граничниот премин Богородица. Кога пристигнал на граничниот премин пријавениот Р.С. на царинските службеници покрај царинската декларација за извоз им приложил и Извод од Лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународен патен сообраќај издадена од Министерството за транспорт и врски.

Поради сомневање во оригиналноста на Изводот, Царинската управа се обрати до надлежното министерство од каде е добиен одговор дека Лиценца со тој сериски број не е издаден за пријавеното правно лице.
Пријавениот Р.П. како одговорно лице во правното лице, во корист и за сметка на пријавеното правно лице му дал на пријавениот Р.С. фалсификувана јавна исправа (Извод од Лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународен патен сообраќај) која ја употребил како вистински пред надлежен царински орган.

Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма

– До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Н. П. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. На ден 09.09.2014 година во царинската испостава Скопје 4, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена стока гумени патосници, со вкупна количина од 1008 парчиња со потекло од Република Албанија.

По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници било утврдено дека на стоката се истакнати ознаки на заштитена трговската марка.. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржа предметната стока. По увидот на стоката застапникот на наведената трговска марка ја извести Царинската управа дека има добиено потврда од носителот на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите го повредуваат неговото право од индустриска сопственост. На ваков начин пријавените се обиделе да увезат производи кои се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.

– До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Х. Љ. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. На ден 29.02.2016 година во царинската испостава Скопје 1, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 484 колети со потекло од Република Турција. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле пронајдени 450 пара влечки со ознака на заштитена трговска марка..

Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржа предметната стока. По увидот на стоката застапникот на наведената трговска марка ја извести Царинската управа дека има добиено потврда од носителот на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите го повредуваат неговото право од индустриска сопственост. На ваков начин пријавените се обиделе да увезат производи кои се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.

– До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Долнени и одговорното лице Е. Х. од Долнени, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. На ден 15.03.2014 година во царинската испостава Скопје 2, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 672 колети со потекло од Народна Република Кина.

По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле пронајдени 83 парчиња шорцеви со ознака на заштитена трговската марка. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржа предметната стока. По увидот на стоката застапникот на наведената трговска марка ја извести Царинската управа дека има добиено потврда од носителот на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите го повредуваат неговото право од индустриска сопственост. На ваков начин пријавените се обиделе да увезат производи кои се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.

– До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице И. Љ. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно пуштиле во промет производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи.На ден 22.01.2014 година во царинската испостава Скопје 2, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 1632 колети со потекло од Народна Република Кина. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници била пронајдена 904 пара машки обувки со ознака на заштитена трговската марка.

Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржала предметната стока. По увидот на стоката, застапниците на наведените трговски марки ја известиле Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителот на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите го повредуваат неговото право од индустриска сопственост. На ваков начин пријавените пуштиле во промет производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.

Препорачуваме

Партнери на Правдико