Поднесени кривични пријави од Царинска управа во мај 2015 година | Правдико

Правдико

   

Поднесени кривични пријави од Царинска управа во мај 2015 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

carinaПостапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во мај 2015 година поднесе 7 кривични пријави против 4правни и 8 физички лица до надлежните јавни обвинителства.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Царинска измама“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

*Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин, кој како патник во автобус што сообраќал на релација Дортмун-Охрид се обидел внелегално да внесе во државата 635 парчиња пиротехнички производи – огномети преку граничниот премин Табановце автопат. Непријавените огномети биле пронајдени во долниот дел на патната торба на осомничениот.

Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
*Една кривична пријава е поднесена против албански државјанин заради обид за криумчарење на опојна дрога-марихуана. Осомничениот, управувајќи патничко моторно возило со албански регистарски таблички се пријавил за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица. При детален преглед на возилото со помош на фиберскоп, во резервоарот бил откриен специјално направен и вграден резервоар, каде е пронајдена растителна тревкаста материја со зеленкаста боја, со маса од 16,13 грама за која по извршеното вештачење било утврдено дека се работи за марихуана.

Царинска измама

Две кривични пријави се поднесени против едно правно и две физички лицазаради обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки.

*Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорното лице – македонски државјанин, заради обид за избегнување на плаќање на увозни давачки со приложување на лажна фактура. На 19.03.2015 година во царинската испостава Гевгелија, за потребите на пријавеното правното лице извршено е увозно царинење на кондензатори за клима, со потекло од Кина, при што била приложена фактура на износ од 10 илјади американски долари. По добиени сознанија дека приложената фактура е нереална, односно истата се разликува од оригиналната во поглед на единечната и вкупната вредност на стоката, по наредба на Судија при Основен Суд Тетово, царинските инспекотри извршија претрес во домот на одговорното лице и деловните простории на правното лице. Притоа привремено се одземени еден компјутер и еден нотес во кој биле запишани вкупните трошоци што се направени за набавка на стоката од Кина и утврдено дека вистинската вредност на увезената стока изнесува 25.633 американски долари. Од страна на Царинската управа е направена пресметка на царинскиот долг согласно вистинската фактура и изготвено е решение со кое увозникот се задолжува да го плати дополнително евидентираниот царински долг во износ од околу 190 илјади денари.

*Една кривична пријава е поднесена против македонски државјанин, поради откриен обид за избегнување на плаќање на увозни давачки, со поднесување на лажна изјава за вид и вредност на стока. На 03.04.2015 година, во царинска испостава Битола осомничениот поднел молба за ослободување од плаќање на царински давачки за стока декларирана како облека, со вкупна тежина од 50 кг и вкупна вредност од 60 австралиски долари, кон која приложил изјава за количина и вредност. Поради сомневање во поглед на веродостојноста на податоците наведени во молбата царинските службеници извршија детален преглед на пријавената стока при што е откриена  поголема количина непријавена стока: чанти женски, новчаници, бижутерија, марами и текстилни стегачи, со вкупна вредност од околу 627 илјади денари и вкупен износ на избегнати царински давачки од околу 230 илјади денари.

Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма

Три кривични пријави против три правни и четири физички лица се поднесени поради обид за увоз на производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост со намера да измамат купувачи.

* кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и неговото одговорно лице – македонски државјанин. За потребите на правното лице, во текот на 2014 година во царинската испостава Гевгелија за увозно царинење била пријавена разна стока со потекло од Кина. При извршениот преглед на стоката, царинските службеници откриле 350 сетови новчаник и часовник, 70 микрофони-играчки, 200 детски ранчиња, 2 парчиња облека за маскендбал, 75 подни коцки, 950 плишани кукли и 2 колички на акумулатори со ознаки на заштитени трговски марки.

* кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и двајца македонски државјани – одговорни лица во правното лице. За потребите на правното лице во текот на 2014 година во царинската испостава Гевгелија за увозно царинење била пријавена разна стока со потекло од Кина. При извршениот преглед на стоката царинските службеници откриле 34 трицикли за деца со ознака на заштитена трговска марка .

* кривична пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство во Тетово, против правно лице од Гостивар и неговото одговорно лице – македонски државјанин. За потребите на правното лице во текот на 2014 година во царинската испостава Гевгелија за увозно царинење била пријавена разна стока со потекло од Кина. При извршениот преглед на стоката царинските службеници откриле 160 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико