Поднесени кривични пријави од царинска управа во март 2015 година | Правдико

Правдико

   

Поднесени кривични пријави од царинска управа во март 2015 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

granica-carinaПостапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во март 2015 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе9кривични пријави против 3 правни и 10 физички лица.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Криумчарење“, „Изнесување односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „Фалсификување исправа“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“,

Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

–  Една кривична пријава е поднесена против државјанин на Република Германија, затоа што на при претрес на патничко моторно возило со германски регистарски ознаки кое тој го управувал, а пријавено на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце, пронајдени се 15 пакувања марихуана со вкупна тежина од 14860,8 грама. Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка при Основниот суд Куманово, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– Една кривична пријава е поднесена против двајца македонски државјани – патници во автобус со турски регистарски ознаки, пријавен на влез во Македонија на граничниот премин Богородица кај кои се пронајдени 4 најлонски кеси наполнети со хероин. Осомничените се изведени пред судија на претходна постапка од Основниот суд Велес кој на двете осомничени лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.   со вкупна тежина од 1938,4 грама

Криумчарење

Три кривични пријави се поднесени против три физички лица кои се обиделе да прошверцуваат различна стока.

– Кривична пријава е поднесена против лице со двојно државјанство (Р.Турција и Р.Македонија) – возач на автобус со турски регистарски ознаки, пријавен за излез од Македонија на граничниот премин Деве Баир, кај кого при детален преглед се пронајдени сокриени, непријавени 300 штеки цигари „Merilyn“ без акцизни маркички. Осомничениот е предаден на судија за претходна постапка во ОС Крива Паланка кој осомничениот го огласи за виновен и го осуди на парична казна од 246 илјади денари, а непријавените цигари се одземени.

– Кривична пријава е поднесена против државјанин на Република Србија кој со возило со со унгарски регистерски таблички, преку граничниот премин Табановце се обидел да внесе непријавена стока (рачни часовници, кожни новчаници и кожни женски нараквици, пенкала, привезоци, USB привезоци. Судија за претходна постапка во Основниод суд Куманово, го огласи за виновен и го осуди со условна казна затвор од 3 месеци која нема да се изврши доколку истиот не стори друго кривично дело во период од 2 години, потоа протерување на странец со забрана за влез во Македонија во траење од 5 години. Непријавената стока е одземена.

– Кривична пријава е поднесена против македонски државјанин зарадиобид да пренесе непријавени репро-материјали преку граничниот премин Табановце. Управувајќи камион со македонски регистерски таблички, пријавениот пријавил репро-материјали испратени од фирма испраќач од Германија за фирма примач во Скопје, но при документарен преглед утврдена е разлика во тежината наведена на документите и онаа од кантарската белешка, по што е пристапено кон деталнен преглед. Притоа, покрај пријавените репро-материјали пронајдени се и 108 колети непријавени репро-материјали со вкупна тежина од 2530 кг.

Изнесување односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Криумчарење

– Кривична пријава е поднесена против државјанин на Република Австрија заради обид за нелегално изнесување на една стара монета со ликови на предната и задната страна и метал-детектор. Случајот е откриен при претрес на патничко возило – трејлер со австриски регистарски таблички, управувано од осомничениот, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце. По спроведено вештачење на монетата од страна на Управата за заштита на културно наследство, добиено е мислење според кое сребрената монета-тетрадрахма, создадена 336-323 г.пр.н.е. во времето на Александар III Македонски има статус на привремено заштитено добро. На ваков начин пријавениот без дозвола на надлежен орган се обидел во странство да изнесе заштитено добро. Исто така пријавениот избегнувајќи ја царинската контрола се обидел да пренесе  непријавена стока (метал-детектор), со што сторил уште кривично дело „Криумчарење“ казниво по член 278 од КЗ. Судија на претходна постапка при Основниот суд Куманово на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Фалсификување исправа

Две кривични пријави се поднесени против две правни и две физички лицакои, при увозно царинење на употребувани возила, приложиле лажни фактури како доказ за преференцијално потекло на возилата, со цел да биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно увозно царинење со царинска стапка слободно.

– Во првиот случај, кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорното лице кои во текот на 2012 и 2013 година со осум увозни царински декларации во царинската испостава Скопје 2 увозно оцариниле 8 употребувани патнички моторни возила, со приложување фактури со изјави за потекло потпишани од странски продавачи, како доказ за преференцијално потекло на возилата. Поради сомневање во веродостојноста на документацијата и автентичноста на изјавите во фактурите, Царинската управа се обрати до царинска администрација на Италија, со барање за верификација на фактурите, од каде е добиен одговор дека извозните фактури не содржеле изјави, односно изјавите со авторизација во фактурите не се издадени од страна на извозниците. Царинската управа изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг и го задолжи пријавеното лице да ги доплати избегнатите давачки.

– Во вториот случај, кривична пријава е поднесена против правно лице од Радовиш и неговото одговорно лице, кои во текот на 2012 година за потребите на пријавеното правно лице, со 19 увозни царински декларации на царинската испостава Ново Село увозно оцариниле 19 употребувани патнички моторни возила, со приложување на изјави за потекло потпишани од странски продавач, како доказ за преференцијално потекло на возилото. Поради сомневање во поглед на веродостојноста на приложената документација и автентичноста на изјавите за потекло во фактурите, Царинската управа се обрати до царинските администрации на Германија и Австрија, со барање за верификација на фактурите и доказот за потекло во истите, од каде е добиен одговор дека компаниите кои се наведени како продавачи, ниту ги поседувале ниту ги продале возилата, односно фактурите, како и изјавите за потекло се фалсификат. Царинската управа изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг и го задолжени пријавеното правно лице да ги доплати избегнатите давачки.

Против истите лица Царинската управа претходно има поднесено кривични пријави поради постоење на основано сомнение дека го сториле истото кривично дело, заради откриени 27 фалсификувани фактури за увоз на употребувани возила.

Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма

– Кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице – македонски државјанин, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. Против истите лица Царинската управа претходно има поднесено кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека го сториле истото кривично дело. За потребите на правното лице, во текот на 2014 година во два случаи се увезени разни стоки од продавач од Бугарија. При преглед на стоката (во првиот случај се откриени вкупно 30 ремени и и 20 пара обетки, а во вториот 1210 парчиња накит) со ознаки на заштитени трговски марки). Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, Царинската управа привремено ја задржа стоката, а застапниците на релевантните трговски марки ја известија Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителите на правото дека задржаните предмети се фалсификати. Согласно законските одредби, Царинската управа донесе одобрение за уништување на стоката.

Извор: Царинска управа на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико