Поднесени кривични пријави од Царинска управа во март 2016 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец март 2016 година, до надлежните јавни обвинителства поднесе8 кривични пријави против 2 правни и 9 физички лица.
Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Четири кривични пријави, се поднесени против четири физички лица зарадиобиди за криумчарење на наркотични средства.
*Три кривични пријави се поднесени до Основното јавно обвинителство во Скопје, од кои:
– Кривична пријава е поднесена против македонски државјанин, заради обид за криумчарење на семки од марихуана. Осомничениот, на 18.02.2016 година, во просториите на Пошта 2 Скопје подигнал меѓународна пратка од Германија, која гласела на негово име и во која биле пронајдени вкупно 6 семки од марихуана. Семките ги нарачал преку својот мобилен телефон, преку интернет за сума од 31,82 евра и истите ги платил од кредитната картичка на неговата мајка. На ваков начин пријавениот неовластено, набавил материјал (семки од марихуана) за кој знаел дека е наменет за производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
– Кривична пријава е поднесена против германски државјанин, заради обид закриумчарење на марихуана. Осомничениот, на 12.03.2016 година, управувајќи германски автомобил се пријавил за влез во Република Македонија, на граничниот премин Блаце. При извршен детален преглед на возилото, во кутија за прва помош сместена во делот наменет за резервна гума била пронајдена една зипер кесичка наполнета со непозната материја од растително потекло.
По издадена наредба од јавен обвинител извршено е вештачење на непознатата материја според кое истата преставува опојна дрога – марихуана со вкупна маса од 7,2 грама. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот Суд Скопје, каде е донесена пресуда врз основа на предлог спогодба со која осомничениот е прогласен за виновен и му е изречена условна осуда казна затвор од 2 години која нема да се извршува во рок од 5 години, доколку обвинетиот не стори ново кривично дело, како и казна протерување на странец од земјата во траење од 5 години.
– Кривична пријава е поднесена против македонска државјанка, заради обид за криумчарење на масло од марихуана. Осомничената на 04.03.2016 година, во просториите на царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, подигнала меѓународна пратка од Белгија која пристигнала преку брза пошта ДХЛ Експрес. При преглед на пратката утврдено е дека истата содржи две шишенца наполнети со непозната црна течност. Поради сомнение дека црната течност содржи ТХЦ – психоактивна супстанца, а по наредба на јавен обвинител, извршено е вештачење на истата според кое течноста од шишенцата содржи канабиноиди – психоактивни супстанци кои влегуваат во состав на растението Cannabis.
*Една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Велес, е поднесена против холандски државјанин, заради обид за криумчарење на марихуана. Осомничениот, на 05.03.2016 година, управувајќи холандски автомобил се пријавил за излез од Република Македонија, на граничниот премин Богородица. При извршен претрес на возилото, во хартиена кеса за отпадоци која се наоѓала на подот пред совозачкото седиште, царинските службеници пронашле вкупно 18 пластични епрувети наполнети со непозната материја од растително потекло спакувана во хартија за пушење.
По добиена наредба од ОЈО Велес извршено е вештачење на непознатата материја со кое е утврдено дека истата преставува опојна дрога – марихуана мешана со тутун со вкупна маса од 15,93 грама. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основниот Суд Велес, каде е донесена пресуда врз основа на предлог спогодба со која осомничениот е прогласен за виновен и му е изречена условна осуда казна затвор од 2 години која нема да се извршува во рок од 5 години доколку обвинетиот не стори ново кривично дело, како и казна протерување на странец од земјата во траење од 2 години.
Криумчарење
*Една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Гостивар, е поднесена против 1 физичко лице, македонски државјанин, за обид закриумчарење златен накит. На 15.03.2016 година, на патниот правец Гостивар-Дебреште, мобилните царински тимови извршиле контрола на македонски автомобил управуван од осомничениот. Притоа, под предните седишта биле пронајдени 3 најлонски кеси во кои имало вкупно 2.127 парчиња златен накит со вкупна маса од околу 8.600 грама. Од преземените предистражни мерки било утврдено дека златниот накит бил купен во Турција и на недозволен начин бил прокриумчарен во Република Македонија.
Пријавениот по претходен договор со лица од Турција и во соработка со турска превозна компанија која ја одржува редовната линија Истанбул-Гостивар, го организирале криумчарењето на златниот накит. Откако автобусот пристигнал во Македонија и се паркирал на автобуската станица во Гостивар, пријавениот влегол внатре го извадил накитот и за кратко време го сместил во неговото возило.На ваков начин пријавениот избегнувајќи ја царинската контрола пренел непријавена стока (златен накит) со вкупна вредност во износ од околу 11,7 милиони денари.
Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение
*Една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Скопје, е поднесена против македонски државјанин, заради обид за избегнување на плаќање на акцизни давачки. На ден 13.02.2016 година на обиколницата околу Скопје, кај клучката за излез кон населбата Радишани, мобилните царински тимови извршиле контрола на македонско товарно комбе, управувано од пријавениот. Притоа, во комбето се пронајдени 183 црни најлонски вреќи наполнети со режан тутун со вкупна маса од околу 1.740 килограми, за кои пријавениот не поседувал никаква документација ниту доказ за платена акциза. Според законот за акцизи извршена е пресметка на избегнати акцизни давачки во износ од 2,8 милиони денари.
Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма
*Една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Струга, е поднесена против правно лице од Прилеп и неговото одговорно лице, македонски државјани, поради обид за увоз на производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост. Пријавените, на 04.12.2015 година, за потребите на правното лице, во царинската испостава Струга, пријавиле за увозно царинење разна стока од испраќач од Кина. При извршениот преглед на стоката, царинските службеници откриле 396 сетови играчки, 10 детски колички и 2 детски моторчиња на акумулатор, со ознаки на заштитени трговски марки. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, истата е привремено задржана. По увидот на стоката, застапниците на носителите на правата од интелектуална сопственост, ја известија Царинската управа дека имаат добиено потврди од истите дека задржаната стока ги повредува нивните права од индустриска сопственост.
Фалсификување исправа
*Една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, е поднесена против две физички лица, македонски државјани, и едно правно лице со седиште во с. Тимјаник, Неготино, заради приложување на фалсификувано уверение за одобрување на патно возило за транспорт на стока под царинска пломба. Првопријавениот, на ден 14.12.2015 година, со товарно моторно возило, сопственост на пријавеното правно лице, се пријавил за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица, при што покрај останатите документи за стоката што ја превезувал, на царинските службеници им приложил и Уверение за одобрување на патно возило за транспорт на стока под царинска пломба.
Царинските службеници се посомневале во оригиналноста на уверението, поради тоа што на истото било наведено дека е издадено од ЦИ Табановце, Царинарница Скопје (царинската испостава Табановце припаѓа на Царинарница Куманово), а било заверено со тркалезен печат што е повлечен од употреба во 2008 година. При проверка во Царинарница Куманово утврдено е дека уверение со ист број е издадено на сосема друга превозна компанија, а при извршено вештачење на печатот втиснат во уверението утврдено е дека истиот не е оригинален. Пријавените во текот на месец април 2015 година, на нелегален начин, од лице од Куманово, за сума од 3.000 денари го набавиле Уверението за одобрување на патно возило за транспорт на стока под царинска пломба за потребите на правното лице.