Правдико

   

Поднесени кривични пријави од Царинската управа во месец јули

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

carinaПостапувајќи по констатираните неправилности, Царинската управа на Република Македонија во јули 2015 година до надлежните јавни обвинителства поднесе12 кривични пријави против 14 физички и 4 правни лица.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Царинска измама“, „Криумчарење“,,„Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи”, „Изнесување односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, „Фалсификување исправа” и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Царинска измама – една кривична пријавапротив едно правно и едно физичко лице:

* против правно лице од Струга и неговото одговорно лице – турски државјанин, поради откриен обид за избегнување на плаќање на увозни давачки во вкупен износ од 500 илјадиденари со поднесување на лажни фактури за стоките при увозно царинење. За потребите на пријавеното правно лице, со три увозни декларации се оцаринети стоки од Холандија. При контрола на документацијата и кабините на возилата, царинските службеници пронашле странски извозни царински декларации на значително повисоки вредности. Вредноста на која стоката со три декларации била пријавена за увоз е 30 илјади американски долари, додека според документите пронајдени при претрес на кабините на возилата вредноста е 47 илјади евра. Врз основа на утврдената фактичка состојба пресметани се вкупно избегнати давачки во износ од 500 илјади денари.

Криумчарење – три кривични пријави против три физички лица:

*против македонска државјанка, затоа што на 11 јули 2015 година преку граничниот премин Деве Баир се обидела да внесе 820 грама златен накит без да го пријави. Имено, на граничниот премин за влез во Македонија пристигнало патничко моторно возило со турски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин, со кој како сопатник патувала и пријавената. При детален преглед на личниот багаж на пријавената, во нејзината рачна чанта се пронајдени неколку кутии за накит и еден несесер во кои имало разновиден непријавен златен накит (нараквици, прстени, ланчиња, огрлици) со вкупна тежина од 820 грама. На ваков начин осомничената со намера да ја избегне царинската контрола, се обидела да пренесе непријавена стока во вкупен износ од над 1,6 милиони денари.

*против швајцарски државјанин, кој на 27 јули 2015 година преку граничниот премин Меџитлија, со патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, се обидел да прошверцува златен накит со вкупна тежина од 205,86 грама (од кои 177,20 гр. е 14 каратен, а 28,66 гр. 18 каратен). При контрола на возилото, во багажниот простор, покрај куферите е пронајдена хартиена кеса со две кутии полни со златен накит. На ваков начин осомничениот со намера да ја избегне царинската контрола се обидел да пренесе непријавена стока во вкупен износ од околу 250 илјади денари, со намера да избегне плаќање на царина и други увозни давачки во износ од околу 89 илјади денари.

*против македонски државјанин, кој на 6 јули 2015 година на граничниот премин Табановце, со возило со македонски регистарски ознаки, се обидел да прошверцува женскиот рачен часовник ROLEX вреден над 500 илјади денари, а со тоа да избегне плаќање на царина и други увозни давачки во износ од над 120 илјди денари.

Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи – една кривична пријава против едно физичко лице:

* против македонски државјанин, затоа што на 25 јуни 2015 година, при извршена контрола на патничкото моторно возило со германски регистарски ознаки, со кое се пријавил за влез во државата  биле пронајдени 1762 парчиња распрскувачки материи – огномети со бруто тежина од 20 килограми.

Изнесување односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости- една кривична пријава против едно физичко лице:

*против руски државјанин заради обид нелегално да изнесе мермерна плоча – културно наследство заштитено со Закон . На 30 јули 2015 г., како патник во автобус, пријавениот се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце. При контрола на патната торба на осомничениот, на дното, завиткано во кеса е пронајден дел од мермерна плоча со бела боја испишана со арапски букви. По извршено вештачење на плочата од Археолошкиот музеј на Република Македонија добиено е стручно мислење според кое плочата преставува надгробен споменик испишан со старо арапско писмо кој датира од втората епоха од османлиската епиграфија од 16-ти до 18-ти век. Плочата е со историско значење и преставува културно наследство заштитено со Закон.

Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори- три кривични пријави против три физички лица:

* против  грчки државјанин, затоа што на при контрола на патничкото моторно возило со германски регистарски ознаки, со кое се пријавил на излез од Македонија на ГП Табановце, извршена на 6 јули 2015 година се пронајдени 12 семки од марихуана. Семките се пронајдени во предниот дел од возилото, поточно во наслонот за рака помеѓу двете предни седишта, сместени во метална кутија за цигари.  По извршеното вештачење на семенскиот материјал добиен е наод и мислење според кое со засадување на семките може да се развие растението Cannabis.

*против  грчки државјанин, затоа што при претрес на грчки автомобил, со кој управувал споменатиот на 11 јули 2015 г. на ГП Табановце – излез од државата, во фабричката пластика во багажниот простор се пронајдени 0,49 грама марихуана.

* против полски државјанин, затоа што кај него (сопатник во патничко моторно возило со чешки регистарски ознаки) е пронајдена 1,49 гр марихуана, сокриена во розево кутвче во џебот од пантолоните. Претресот е извршен на кој на 21 јули 2015 година на граничниот премин Табановце излез од државата.

Фалсификување исправа – две кривични пријави против две правни и четири физички лица:

* против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице – македонски државјанин од Тетово поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, односно употребиле лажна исправа како вистинска. Против истите лица, заради откриени 19 фалсификувани фактури за увоз на употребувани возила, Царинската управа и претходно има поднесено кривични пријави за истото кривично дело. Во последниот случај осомничените во текот на 2012 и 2013 година во царинската испостава Скопје 2 увозно оцариниле осум употребувани патнички моторни возила. Во моментот на увозно царинење приложиле фактури на кои биле наведени изјави за потекло потпишани од странски продавач, како доказ за преференцијално потекло на возилата со цел да биде одобрено увозно царинење со царинска стапка слободно. Поради сомневање во поглед на веродостојноста на приложената документација и автентичноста на изјавите во фактурите, Царинската управа се обрати до царинска администрација на Италија со барање за верификација на фактурите, од каде е добиен одговор дека фактурите се фалсификати, односнодве не биле воопшто издадени од странските фирми наведени на истите, а останатите не содржеле во оригинал изјави за потекло. Царинската управа утврди дека возилата увезени од осомничените не ги исполнуваат условите за преференцијален тарифен третман и изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг и го задолжи правното лице да ги доплати избегнатите давачки.

* против правно лице од Радовиш и неговото одговорното лице – македонски државјанин, како и две вработени лица во правното лице, исто така македонски државјани, заради изработка и употреба како вистинска на лажна исправа –Уверение за одобрување на патно возило за транспорт на стока под царинска пломба, неопходно за превоз на стоки според ТИР конвенција. Пријавените фалсификатот го направиле на начин што уверението кое било истечено го пополниле како да е продолжено и го завериле со потпис и печат од царинска испостава Табановце-автопат. Ваквото уверение пријавениот Д.М. го приложил пред македонските царински органи на граничниот премин Дојран, од каде поради сомневање во автентичноста на печатот уверението е доставено до Одделението за истраги, од каде со наредба од јавен обвинител побарано е вештачење од страна на МВР. Според извршеното вештачење отисокот од печатот не е оригинален, со што пријавените го сториле делото за кое се осомничени.

Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма:

*Една кривична пријавае поднесена против правно лице од Струмица и против неговото одговорно лице – македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. На 10 мај 2014 година, за потребите на правното преку царинската испостава Гевгелија во Македонија од Кина, со една увозна царинска декларација била увезена разна стока. При извршениот преглед на стоката откриени се 100 парчиња задни капаци за мобилен телефон со ознака на трговската марка „iPHONE“, 64 парчиња стакло за мобилен телефон со ознака на трговската мрка „SAMSUNG“ и 7 парчиња дисплеј за мобилен телефон со ознаки на трговската марка „SAMSUNG“. По увидот на стоката, застапниците на наведените трговски марки ја известија Царинската управа дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите го повредуваат нивното право од интелектуална сопственост.

Партнери на Правдико