Поднесени кривични пријави за бесправно градење во општина Центар | Правдико

Правдико

   

Поднесени кривични пријави за бесправно градење во општина Центар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три кривични пријави за бесправно изградени објекти на територијата на општина Центар до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе општинската администрација застапувана од градоначалникот Саша Богдановиќ.

Како што информираат од општината во текот на 2017-та година, по извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор на општина Центар и по извршен увид, на булеварот „Никола Карев“ бб, било констатирано дека пријавениот Осман Буши без одобрение има изградено градба со димензии 15 на 20 метри.

И покрај добиената наредба и изготвеното решение за отстранување на градбата, пријавениот одбивал да го стори тоа, а бесправно изградената градба се уште е на истото место.

Кривични пријави добиле и Даут Азири, кој без одобрение за градење има изградено објект 10 на 10 метри на улица „171“ бр. 23 и Риза Асани, за незаконски изграден објект со димензии 5,20 на 6,55 метри, на улица „171“ бр.31.

Од Општина Центар предлагаат ОЈО – Скопје да ги преземе сите дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба, по што против тројцата пријавени ќе спроведе кривично гонење за сторено кривично дело казниво по член 244 а, став 1 од Кривичниот законик.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико