Поднесени обвинителни предлози против 12 лица за сторено кривично дело – Учество во толпа | Правдико

Правдико

   

Поднесени обвинителни предлози против 12 лица за сторено кривично дело – Учество во толпа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeПо прибирање на сите докази и факти во предметот, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог во Основниот суд Скопје 1 Скопје, против четворица обвинети за сторено кривично дело за време на протестите пред Владата на Република Македонија.

Истовремено, надлежниот обвинител за сторителите на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, побара и продолжување на мерката притвор за тројца од нив, додека пак за еден од обвинетите предложи замена на мерката притвор со мерка за претпазливост. Судот го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител.

Денеска е поднесен и Обвинителен предлог за втората група учесници во протестите. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обвини осум лица за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. Ценејќи дека се исполнети законските основи, за седум обвинети е поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор, а за еден обвинет  продолжување на мерката куќен притвор.

Препорачуваме

Партнери на Правдико