Поднесени претставки до правобранителот за пензии и од вториот столб | Правдико

Правдико

   

Поднесени претставки до правобранителот за пензии и од вториот столб

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца граѓани поднеле претставки до Народниот правобранител кога по поднесеното барање за пензија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – ПИОМ им пресметал пониски пензии од она што реално требало да го добијат.

Еден од оштетените граѓани кој требало да се пензионира кога направил пресметката на износот на пензијата открил дека поради осигурувањето во државниот пензиски фонд и во еден од приватните пензиски фондови неговата пензија драстично е помала од онаа што требало да ја зема.

Според неговите пресметки требало да зема многу поголема пензија доколку бил осигурен само во државниот пензиски фонд, но со членувањето и во вториот приватен пензиски фонд пензијата му била пресметана во износ од 14.000 денари.

Овој граѓанин кога се обратил во Фондот добил информација дека не може да го оствари овој износ и дека му е пресметан согласно коефициентот, кој што го предвидува Законот за пензиско и инвалидско осигурување затоа што во меѓувреме тој станал член и на друг доброволен пензиски фонд, односно доброволно склучил договор со друг фонд.

Според МАПАС, како што велат од Канцеларијата на народниот правобранител во пензискиот системот има вкупно 314 осигуреници.

По барање на Народниот правобранител, МАПАС и Министерството за труд и социјална политика треба да направи измени на три закони кои се однесуваат на оваа проблематика, со што ќе се овозможи бришење од евиденцијата на приватните фондови на граѓаните за кои ќе се утврди дека е тоа неповолно. Овие измени треба да се однесуваат на граѓаните кои при потпишувањето на договорот за членство во приватен пензиски фонд имале 38 години, односно биле родени пред или во 1967 година, имале најмалку пет години работен стаж и нивното прво вработување било во 2003 година.

Како што велат од Канцеларијата на народниот правобранител се размислува за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот начинот на исплата на пензии од задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико