Правдико

   

Поднесено Обвинение против едно лице за случената сообраќајна несреќа кај Католичката црква

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mkd-160473Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинение против едно лица за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 вв чл.297 ст.1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека на 15.11.2014 година во 16,20 часот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Обвинетиот управувал со патничко моторно возило по левата сообраќајна лента од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Кога дошол на крстосницата со ул.„9 ти мај“, постапил спротивно на чл.19 ст.3 и чл.37 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и возилото не го запрел пред обележаниот пешачки премин и не ги пропуштил пешаците кои започнале да чекорат на обележаниот пешачки премин. Обвинетиот го управувал возилото со недозволена брзина на движење од 100 км на час, која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, атмосферските услови, прегледноста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го зaпре возилото пред секоја пречка што во дадените услови може да се предвиди.

Како последица на ваквите дејствија, обвинетиот  со предниот дел од возилото удрил во телото на пешак кој, заедно со уште двајца пешаци, на обележан пешачки премин го поминувале коловозот. Како резултат на ударот и падот на пешакот на коловозот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди што довеле до развивање на трауматски шок, пореметување и престанок на функцијата на важни витални органи, што сето заедно резултирало со смртен исход во 19,25 часот.

На обвинетиот му се става на товар дека ваквото дејствие го превзел иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзино настапување, поради што Oсновното јавно обвинителство поднесе Обвинение во надлежен суд.

Партнери на Правдико