Правдико

   

Поднесено обвинение против сторител на шест кражби во Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, како и едно кривично дело – Кражба предвидено и казниво согласно член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, обвинетиот во периодот од 01.12.2019 до 06.01.2020 година со умисла извршил пет временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи исти прилики и слични околности. Притоа обвинетиот 20-годишник провалил во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари и одзел туѓи вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, кутии цигари и алати. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на околу 180.000 денари.

Кривичното дело кражба, пак, обвинетиот го сторил на 29.11.2019 година, кога од џебот на јакната на едно оштетено лице одзел мобилен телефон вреден 45.000 денари со намера противправно да го присвои.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетото лице затоа што постои опасност од бегство, на што упатува фактот дека се работи за лице кое не поседува лична карта за идентификација, нема постојана адреса на живеење, а претходно е осудувано за исто кривично дело.

Партнери на Правдико