Поднесено обвинение за двајца странски државјани за криумчарење мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителството поднесе обвинение против двајца странски државјани, по потекло од Гана, за криумчарење мигранти. Тие биле фатени на граничниот премин Богородица, а се обиделе преку нашата граница да пренесат тројца мигранти со лажни пасоши.
„На 5 јануари годинава обвинетите, еден германски државјанин и една државјанка на Италија, и двајцата по потекло од Гана, со намера илегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле јавни исправи – лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака. На граничниот премин Богородица при контрола од страна на полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта“, соопштија од обвинителството.
Тројцата мигранти кои, исто така, потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1.000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација – Австрија.
Надлежниот обвинител со обвинителниот акт до Судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.
Извор: Макфакс