Правдико

   

Поднесено обвинение за повеќекратно разбојништво

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, како и за продолжено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Имено, на 10.11.2017 година, на бензинска пумпа на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, обвинетиот со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно оштетено лице му одзел 16.384 денари. Притоа, на оштетениот му се заканил со нож и му ги одзел парите од џебот, а се обидел да ја ограби и касата за наплата, но во неа немало пари.

Претходно, во текот на 2015 и 2016 година, обвинетиот со умисла извршил пет други дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос, исти прили и други слични околности.

Притоа цел на разбојништво биле таксисти од различни такси компании, од кои обвинетиот барал да го превезат на различни локации во Скопје, а потоа со закана им одземал помали суми пари. На овој начин вкупно одзел 12.650 денари.

Поради опасност од бегство, опасност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека би можел да изврши нови кривични дела од ист  вид, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Партнери на Правдико