Правдико

   

Поднесено обвинение за пукањето во Маџари

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и во врска со член 22 (соизвршителство), како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 24.01.2019 година, во скопската населба Маџари, по претходен договор со негов близок роднина кој во моментов е недостапен на органите на прогонот, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Имено, на критичниот ден оштетениот се возел во автомобил Фолксваген голф 5 заедно со неговиот малолетен син и со уште две лица со кои бил во роднинска врска. Заради претходно нарушени меѓусебни односи на двете семејства, обвинетиот, управувајќи со патничко моторно возило Фолксваген голф 3 удрил во нив, а зад нив застанал и неговиот роднина со автомобил Алфа Ромео 156 Караван. Во двата автомобили имало и други засега непознати лица, кои излегле и со шипки ги искршиле стаклата на голфот во кој се превезувал оштетениот. Во тој момент детето на оштетениот излегло од автомобилот, а обвинетиот го удрил со тупаница, нанесувајќи му телесни повреди.

Обвинетите и засега неидентификуваните лица кои биле со нив, потоа отвориле оган од четири огнени оружја – пиштоли кон патниците во автомобилот голф 5 и директно кон оштетениот, со умисла обидувајќи се да го лишат од живот и нанесувајќи му тешки телесни повреди во вид на огнострелни рани на двата скочни зглоба на нозете и скршеници на левиот талус и на десната потколеница.

Во тој момент, оштетениот паднал на земја, но еден од неговите роднини, со својот пиштол „Ekol Special 99“, преправен како огнено оружје што го поседувал без дозвола, возвратил на пукањето. Со ова дејствие и тој предизвикал значителна опасност за телото на луѓето, па и против ова лице надлежниот обвинител покрена обвинение за кривично дело – Предизвикување општа опасност, предвидено и казниво според член 288 став 1, како и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Партнери на Правдико