Поднесено обвинение за разбојништво во просториите на „Брза пратка“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 16.10.2018 година, влегол во просториите на оштетеното правно лице „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“ и заканувајќи се на една вработена со пластичен пиштол, одзел пари во вкупен износ од 680.000 денари. На вработената и наредил парите да ги стави во неговиот ранец и да влезе во тоалетот, по што ја затворил вратата од тоалетот и избегал.
За обвинетиот, со Решение на Кривичниот суд Скопје, на сила се мерки на претпазливост.