Поднесено обвинение за случајот „Транспортер“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По речиси едногодишно испитување, прибирање на материјални докази, вештачења, сослушувања на обвинетите и голем број сведоци, прибавени мислења од надлежни институции, Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинение за осомничените во случајот „Транспортер“, кој подолго време ја потресува не само битолската, туку и македонската јавност.
Во обвинетелниот акт поднесен од претседателката на СЈО за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Катица Јанева, напишан на 141 страница, покрај градоначалникот на Битола, Владимир Талески и секретарот на општината С.Б., обвинети се уште вкупно 19 директори на основни и средни училишта, како и управители на автопревозни фирми, кои го вршеле бесплатниот превоз на учениците во Битола. Обвинението единствено се откажа од гонење на екс директорот на ОУ „Гоце Делчев“, (Ј.А.) кој во меѓувреме почина.
Според обвинението, злоупотребите со превозот на учениците им донеле на инволвираните имотна корист од 17.726.754 денари, или нешто повеќе од 290.000 евра, колку што изнесува разликата помеѓу вредноста на договорите за јавна набавка и износите исплатени на превозниците.
Сега, кога е веќе поднесено обвинението против осомничените во случајот „Транспортер“ обвинетите имаат право да поднесат приговор, а им се дава можност доколку признаат вина да направат спогодба.
М.М.
Извор: Нова Македонија