Правдико

   

Подобрување на квалитетот на јавниот сектор преку заедничката рамка за процена (ЦАФ)

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заедничката рамка за процена – ЦАФ (Common Assessment Framework – CAF) е европски инструмент за управување со квалитет во институциите од јавниот сектор. Имплементацијата на ЦАФ-моделот има за цел да воспостави систем на работење во чија суштина е постојано унапредување на работењето и процесите во организациите, подобрување на мотивираноста на вработените и следење на вкупните резултати од работењето.

Примената на ЦАФ-моделот ќе изврши позитивно влијание врз целокупниот систем на јавна управа и ќе придонесе кон постигнувањето на модерна, ефикасна и професионална администрација во служба на граѓаните. Оваа публикација има за цел да ја олесни примената на ЦАФ-моделот во институциите во земјава преку обезбедување кратки информации за содржината и за структурата на ЦАФ- моделот, за придобивките од неговата примена и за процесот на негова имплементација. Во документот, исто така, се дадени и практични примери за примената на ЦАФ-моделот во две институции.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

 

Партнери на Правдико