Поединечните мерки за извршување на пресудите на ЕСЧП како индивидуализација на извршувањето со посебен осврт на повторувањето на постапките | Правдико

Правдико

   

Поединечните мерки за извршување на пресудите на ЕСЧП како индивидуализација на извршувањето со посебен осврт на повторувањето на постапките

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје (во натамошниот текст: „Мисијата“), во рамките на својот програмски мандат за поддршка на државата домаќин за остварување на заложбите на ОБСЕ за владеење на правото и почитување на човековите права, несомнено е посветена на дисеминацијата на вредностите, стандардите и најдобрите практики поврзани со Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи (во натамошниот текст: „Европската конвенција за човекови права“, „ЕКЧП“, „Конвенцијата“) и јурисприденцијата на Европскиот суд за човекови права (во натамошниот текст: „ЕСЧП“, „Судот“).

Потребата од систематски пристап во зајакнувањето на капацитетите на Република Северна Македонија за примена на Конвенцијата е препознаена од различни чинители и на различни нивоа. Во соработка, пред сѐ, со Академијата за судии и јавни обвинители беше заеднички утврдена потребата акцентот во оваа фаза да биде ставен на процесот на извршување на пресудите, односно одлуките на Судот во Стразбур. Токму затоа, Мисијата во 2021 и во почетокот на 2022 година, поддржа израбoтка на трилогија на тема извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико